
June 1, 2020
Прогласување на победници од натпреварот „Зелени идеи“ 2020-вклучување во живо
Здружението за социјални иноваци „АРНО“ ги повикува сите заинтересирани граѓани, медиуми и засегнати страни да се вклучат во онлајн прогласувањето на победниците од натпреварот ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2020. Поради Ковид-19 и во интерес на општото здравје и безбедност, оваа година АРНО одлучи финалниот натпревар целосно да го организира онлајн, при што церемонијалниот дел во кој ќе се прогласат победниците, ќе се претстави жирито и ќе се слушнат повеќе информации за натпреварот ќе се случува од 15:00 до 16:30 часот. Преносот на настанот ќе биде овозможен преку овој линк.
„АРНО“, шеста година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“ и се гордее што досега земјата има регионални победници и вкупна инвестиција од 60 000 долари за развој на зелени бизниси во земјата: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015), инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова -„СПИН“ (2016), платформата за продажба на евтини оброци „Храна за сите“ (2017), зелениот бизнис „Грин меџик продакшн“ кој спроведува едукација преку илузионистички еко-пораки (2017), и минатогодишните победници „Био смарт ориз“ –производство на ориз на одржлив начин (2019) и „Challenger“- мобилна апликација која ги наградува граѓаните кои собираат велосипедски и испешачени зелени километри (2019).
„ЗЕЛЕНИ ИДЕИ“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, С. Македонија, Црна Гора , Србија ,Босна и Херцеговина и Грција. Победниците на националните натпревари, по 3 од секоја земја, се натпреваруваат на регионален натпревар за награди во вредност од 5.000 или 10.000 долари. Регионалниот натпревар се одржува од 2012-та година во рамки на програмата за Западен Балкан финансирана од фондот на браќата Рокфелер (САД).