За Натпреварот

Зелени идеи* е годишен натпревар кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во нашата земја и во: Албанија, Косово, Црна Гора , Босна и Херцеговина, Србија и во Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја.1

И во 2025-та година, АРНО, во соработка со Фондот на браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД, распишува натпревар за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Рокот за доставување на зелени идеи  е отворен до 27-ми август (23:59 часот). 

Критериумите за учество се објаснети во делот ПРАВИЛА. Формуларите за аплицирање можете да ги најдете во делот АПЛИKАЦИЈА. Пред да пристапите кон пополнување на формуларите разгледајте ги насоките  УПАТСТВО (во делот на АПЛИКАЦИЈА)  и разгледајте го делот на Често поставувани прашања (ЧПП). Следете не’ на социјалните мрежи и во делот НОВОСТИ за објави на датуми за инфо сесиите за подготовка на апликацијата.

Активностите на регионалниот натпревар „Зелени идеи“ се финансирани од Фондот на браќата Рокфелер (RBF). Натпреварот во Македонија, 11-та година по ред, е организиран од АРНО и дополнително поддржан од:
🏆Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА 2000 (доделува вредносни ваучери за консултантски услуги од сертифицирани консултанти)
🏆Македонија 2025 (доделува бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги од „Македонија 2025“) и
🏆Стопанската комора на Северо-западна Македонија која доделува бесплатно двегодишно членство.

🏆Во 2025-та, на трите национални победници, АРНО ќе им додели ваучер за полугодишно користење на платена верзија на ChatGPTPlus 

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА:

Фаза 1) Национално жири составено од експерти од областа на зелена економија, бизнис секторот и граѓанскиот сектор ќе изврши бодување на сите пристигнати зелени бизнис идеи врз основа на наведените критериуми (Погледнете го делот – ПРАВИЛА)

Фаза 2) Најдобрите десет идеи (согласно бодувањето на националното жири), ќе бидат повикани да ги презентираат своите идеи на посебно закажан настан во Скопје (средина на септември 2025, датумот допoлнително ќе биде утврден). На овој настан финалистите треба да ја презентираат својата идеја пред жирито, кое ќе избере три национални победници.
Формат и јазик: На избраните финалисти ќе им бидат пратен и насоки за PowerPoint презентација според кои треба да ја презентираат идејата. Јазикот за претставување на идејата за десетте селектирани идеи на национално ниво е македонски. Времетрањето на презентацијата е 20 минути (10 минути презентација- 10 минути прашања од жири).

Напомена:
Задолжително за селектираните десет избрани идеи е присуството на настанот во Скопје (националното финале), и секако, присуството на 3-цата победници на регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“ (септември/почеток на октомври во некоја од земјите учеснички, датумот и локацијата дополнително ќе бидат потврдени).

Фаза 3) Тројцата национални победници ќе бидат македонски претставници  на „Зелени идеи од Балканот “(регионален натпревар). Избраните идеи  ќе треба да се презентираат од страна на претставниците за време на настанот. Избраните 3 национални претставници од тимот на АРНО ќе добијат насоки и поддршка во однос на подготовката за презентација на нивните идеи. Сите трошоци за учество на избраните претставници  (пат и сместување) ќе бидат покриени од страна на  АРНО и Фондот на Браќата Рокфлер. На регионалниот натпревар ќе се изберат 4 најдобри идеи кои ќе добијат по 10.000 или 5.000 УСД за поддршка на имплементацијата на зелената идеја.[1]

Формат и јазик: Пред регионалниот натпревар избраните финалисти ќе  подготват PowerPoint презентација и неколку други документи (на англиски јазик), во соработка со тимот на АРНО. Јазикот за претставување на идејата на регионалниот натпревар е англиски (доколку е потребен превод, претставник од АРНО ќе ја има улогата на преведувач). Времетрањето на презентацијата е 20 минути (10 минути презентација- 10 минути прашања од жири).

фаза 4) Доколку македонска идеја победи на регионалниот натпревар, таа ќе биде наградена со 10.000 или 5000 долари (во зависност во која категорија аплицира). Овие средства се исклучиво наменети за реализирање на идејата* и треба да се искористат во рок од една година.  Дополнително, носителот на идејата, во соработка со тимот на АРНО  ќе развие документ според кој ќе се утврдат процесите на реализација на идејата, детална финансиска рамка и начините според кои ќе се врши монторинг и имплементација на идејата. Победниците се обврзани да склучат договор со АРНО, во кој дополнително ќе се утврдат правата и обврските на договорните страни. Овде спаѓаат и редовни периодични, наративни и финансиски извештаи.

*Доколку носителот на идејата е физичко лице, во рок од 30 дена по објавата на регионалната награда, треба да регистрира правен субјект.

Официјалната веб страница на конкурсот е https://www.balkangreenideas.org/  Ве охрабруваме да ја посетите и да се запознаете детално со идејата и концептот, како и со минатогодишните конкурси и победниците. Повеќе информации за минатогодишните избори можете да добиете и од објавите на медиумите пребарувајќи ја фразата „Зелени бизнис идеи“ .

За прашања и повеќе информации обратете се на телефонот  077 855 832,  или на e-mail адресата arno.mkd@gmail.com.
Исто така, следете не’ на социјалните мрежи, таму споделуваме тековни објави за инфо сесиите за подготовка на апликацијата и новости.

[1]Организаторите го задржуваат правото на национално и регионално ниво да го променат фондот на наградите и категориите на избрани победнички идеи.