Садливи картички

Садливите картички како промотивен материјал се дел од приказната на натпреварот „Зелени идеи“ со кој АРНО ја шири својата зелена мисија.  Наместо да печатиме промотивен материјал со кој дополнително ќе ја загадуваме околината, ние се одлучивме да ги користиме услугите на Визарт кои рециклираат стара хартија и нудат избор на семе кое може да се вметне во самиот печатен и дизајниран примерок.

Веќе неколку години по ред главен начин на промоција ни е токму преку садливите картички, преку кои сме особено препознатливи и поттикнуваме голем број на компании и здруженија да се приклучат на ваквиот еко начин на промовирање.

Во картичките за промоција на натпреварот „Зелени идеи“ се наоѓа семе на цвеќето пркос. Нашиот избор за ова растение е согласно симболиката на ова леснорастечко цвеќе-новите бизниси да пркосат на сите услови и да цветаат лесно и распространето:)

Пркос

Сите оние кои сакаат да ги засадат нашите картички треба да ги следат инструкциите достапни овде: Инструкции за садливи картички (PDF)

Доколку се радувате на никнатите цветови, многу би не’ израдувале и нам праќајќи ни фотографија (или ја споделите истата на социјалните мрежи со хаштагот #зелениидеи).

Доколку сте заинтересирани за употреба на ваков промотивен материјал ве охрабруваме да стапите во контакт со Визарт :

https://www.facebook.com/wizart.mk

 

Галерија