Правила
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:
- Идејата е во рана фаза на развој
- Идејата користи знаење од луѓето во локалната заедница, нивните традиционални вештини и цели кон вработување на луѓе од заедницата, и користење на локални ресурси
- Има детален план или визија за одржливост на животната средина
- Има план за постепен развој на бизнисот и економска оправданост
- Го има проценето локалниот пазар – ги познава конкуретните и компаративните предности
- Идејата го поддржува процесот на ревитализација на традиционалните локални бизниси и поврзувањето на луѓето со заедницатa
- Идејата е иновативна и уникатна во споредба со другите бизниси и проекти во заедницата
- На натпреварот можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании (со годишен профит не поголем од 10.000 евра).
- На натпреварот не можат да учествуваат индивидуалци и/или организации кои се членови на семејствата и/или блиски роднини на вработените во АРНО; индивидуалци или организации кои се дел од националното жири и/или нивни роднини; јавни претпријатија.
- (НОВО) Во 2020-та година апликантите мораат да аплицираат во една од овие две категории:
- Категорија за зелени концепти (ембрионски идеи), со барање за поддршка до 5.000 долари (можат да аплицираат физички лица/и правни лица кои ја немаат лансирано идејата)
- Категорија за зелени идеи, со барање за поддршка до 10.000 долари (можат да аплицираат само правни лица)