Концепт
Balkan Green Ideas има за цел да стимулира и поттикне иновација за зелени бизнис идеи на локално ниво и да ја истражи улогата на филантропијата во вклучувањето на локалните заедници за генерирање на зелени бизнис идеи кои ги користат локалните ресурси и го ревитализираат исчезнувањето на традиционалните производствени синџири и пазарите во заедницата. Поддржувајќи иновативни, локални, економски одржливи иницијативи , „ Balkan Green Ideas “ има за цел суштински да придонесе кон градење на мирен, конкурентен и просперитетен балкански регион.
Вредности:
„Balkan Green Ideas“ фунцкионира на принципите на: одговорност за животната средина, етичко однесување, разновидност, инклузија и зајакнување, независност во промовирањето на благосостојбата на локалните заедници преку поттикнување на претприемништвото и овозможување на луѓето да ја разберат и да ја преземат контролата врз нивниот целосен потенцијал.
Годишен регионален натпревар
- Натпреварувачи се национални победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Грција, Србија и С. Македонија (тројца победници од секоја држава).
- Интернационално независно жири ги оценува идеите
- Победниците добиваат награди од 10 000 или 5 000 долари да ги имплементираат своите бизнис идеи во целост или делумно (вкупниот фонд за награди е 40 000 долари). Имајте предвид дека фондот и категориите на доделени награди можат да се променат.
- Дводневниот натпревар се одржува секоја година на различна локација во една од земјите учеснички
Секоја година независно, меѓународно жири составено од експерти во разни области, ги избира победниците на регионалниот натпревар.
Повеќе информации околу натпреварот можете да прочитате на следниот линк.