April 18, 2019
Погледнете го видеото од настанот за промоција на натпреварот “Филантропија преку зелени идеи 2019”
На 18.04.2019 се одржа промотивен настан за натпреварот “Филантропија преку зелени идеи 2019”. Настанот беше организиран со цел-информирање за процесот на апликација за сите заинтересирани индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании. Настанот имаше одлична покриеност од медиумите, а овде можете да го погледнете и видеото од преносот во живо.
Во живо од настанот "Филантропија преку зелени идеи" 2019
Publiée par ARNO sur Jeudi 18 avril 2019
На настанот зборуваа: претседателката на АРНО-Ирина Јаневска, надворешната соработничка на АРНО-Ирена Андреевска, еко -илузионистот Криситијан Шопов победник на регионалниот натпревар “Филантропија преку зелени идеи 2017” и Влатко Данилов од Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА2000 (партнери на натпреварот).
На настанот беа собјаснети критриумите и се соопштија сите информации и новости околу натпреварот. Се зборуваше за добрите примери, предусловите, наредните работилници и се одговори на прашањата од потецијалните апликанти. Новост оваа година е организацијата на 4 работилници (пријавете се на овој линк) во соработка со Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА2000, работилници на коишто подетално ќе се објасни начинот за пополнување на формуларите, и ќе се понуди помош во изработка на бизнис планот.
Натпреварот е отворен до 2 јуни. Ги очекуваме вашите пријави 🙂