April 15, 2019

Повик за учество на еднодневни работилници за подготовка на апликација за натпреварот „Филантропија преку зелени идеи 2019“

Со цел да ги поддржиме сите заинтересирани потенцијални апликанти  на овогодинешниот натпревар , годинава, за прв пат, во соработка со Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000, ќе организираме 4 еднодневни работилници  на коишто подетално ќе го  објасниме начинот на пополнување на формуларите,  а особено ќе се задржиме на делот на изработка на финансиските проекции/бизнис план.

Предвидено е да се одржат 2 работилници во Скопје, една во Битола (во соработка со организацијата Слоу Фуд, Битола) и една во Кочани (во соработка со локалната канцеларија на Програмата за зачувување на природата во Македонија, со седиште во Пехчево)

Првата работилница ќе се одржи во Скопје на 20-ти април (сабота) во Јавна Соба, Скопје (10-16ч)

Заинтересираните кандидати можат  да се пријават најдоцна до петок преку пополнување на формуларот на следниов линк . Принципот на пријавување е прв пријавен прв услужен (додека не се пополни бројот, или најдоцна до 19-ти април (петок). Првите 15 пријавени веднаш ќе добијат потврда за учество.

Пријава за втора работилница (Битола 24.04.2019)- Формулар за пријава на овој линк 

Пријава за трета работилница (Кочани 07.05.2019)- Формулар за пријава на овој линк

Пријава за четврта работилница (Скопје 20.05.2019)- Формулар за пријава на овој линк

Кој може да се пријави?

Секој којшто е заинтересиран да аплицира на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи 2019“ преку оваа работилница ќе добие соодветна обука за пополнување  на бизнис планот и финансискиот формулар.

Содржина на работилницата

На работилницата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на бизнис планот. Поради тоа,  препорачливо е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга. На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.