September 26, 2020

Искористи го умно викендот и пријави се за програмата RISE Journey

Здружението за социјални иновации „АРНО“ апелира до сите млади кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат за програмата RISE до 27-ми септември (недела) на полноќ. Апликацијата е кратка и може да се пополни за кратко време. Апликацијата на македонски јазик може да се најде ОВДЕ, на англиски јазик ОВДЕ.  Пред да се пристапи кон пополнување на апликацијата треба да се прочита целиот повик кој е достапен овде (МК, АНГ). Дополнително информираме дека овде може да се погледне снимката од ИНФО СЕСИЈАТА, а сите досегашни прашања кои веќе имаат одговори можат да се најдат во овој онлајн документ.

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку  која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула.  Програмата освен менторска и експертска поддршка нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања.  На крајот од првата фаза на идеација, 2 избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на зелениот/социјалниот бизнис.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).