Апликација
Формуларот за “Зелени идеи 2024” можете да го преземете овде:
Пред да пристапите кон пополнување разгледајте ги насоките од упатството (овде подолу). Доколку имате потреба од поддршка, слободно пријавете се за учество во една од работилниците*
📌Аплицирањето е преку приложување на формуларот и (опционално) придружна документација (до 10МБ пратена преку е-mail).
📌Правните лица кои аплицираат задолжително треба да прикачат и завршна сметка за 2023-ра година.
📌Целосната документација се доставува исклучиво по електронски пат на arno.mkd@gmail.com до 06-ти мај, 2024 (23:59ч). Доколку во рок од 24 часа не добиете потврда за успешен прием на апликацијата, задолжително контактирајте не’ телефонски.
*Ве охрабруваме да го погледнете видеото од работилницата од 2021-ва година , секако и видеото од работилницата за пополнување на апликација за 2020-та година. Овде ќе најдете информации за изменетите формулари и инструкции за КАНВАС бизнис моделот. Доколку ви се потребни повеќе информации околу финансиските проекции (кои не се задолжителни, но се добредојдени) можете да го погледнете и видеото од една од работилниците за пополнување на апликацијата од 2019-та година (дополнителен материјал).
УПАТСТВО
Формуларот за натпреварот „Зелени идеи“ се состои од неколку прашања кои се одговараат во Ворд документ
1) ПОДАТОЦИ ЗА НОСИТЕЛОТ НА ИДЕЈАТА
Во овој дел од формуларот ќе треба да доставите информации за историјатот на организацијата/ портфолио/биографија, податоци за контакт, име на идејата, како и ваша потврда на неколку многу важни прашања/критериуми/категории за учество и присуство.
- ИЗЈАВИ
Ве молиме означете ги одговорите на прашањата кои се однесуваат за сите апликанти, за правни и за физички лица посебно.
2) РЕЗИМЕ
Ве молиме дадете кратко резиме кои ги објаснува суштинските аспекти на вашата зелена идеја (не подолго од една страница)
3) ИНФОРМАЦИИ ЗА ИДЕЈАТА
Во секое од прашањата одговорете концизно и јасно (почитувајќи го ограничувањето на зборови) следејќи ги насоките од самите потточки (поставените прашања).
4) ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ
Во табелата наведете ги активностите (слободно додадете редови) и означете во кој месец ќе се спроведуваат.
5) КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛ
Во дадените полиња пишете ги бараните информации, концизно и јасно. Целиот канвас модел треба да биде прикажан на една страница (не повеќе).
6) ФИНАНСИИ
Во табелата наведете ги планираните трошоци и потребни средства за реализација на вашата идеја. Во колоната „поддржано од Balkan Green Ideas“ наведете кои средства ги побарувате од донаторот.
7) ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ- ОПЦИОНАЛНО
Заедно со апликацијата слободно (ве охрабруваме) приложете дополнителни информации: бизнис план, графикони, маркетинг анализи, фотографии, видеа, илустрации и др. Ве молиме имајте ги предвид техничките ограничувања за испраќање мултимедијални содржини по електрoнска пошта! Доколку прилозите надминуваат 10MB ве молиме прикачете ги на надворешен линк и споделете го линкот во самиот формулар.
Во полето Дополнителни информации/линкови можете да вметнете линкови преку кои може да се пристапи до дополнителни информации: YouTube видео, Facebook страница, написи од медиуми и слично.
ВАЖНО !
- Сите полиња се задолжителни за пополнување.
- Одредени прашања во формуларот имаат ограничен број на зборови кои можете да ги користите. Ве молиме имајте го ова предвид кога го пополнувате формуларот.
- Ве молиме, користете фонт Calibri со големина 12 и проред 1,0
- Откако целосно ќе ги пополните формуларите треба да ги испратите на arno.mkd@gmail.com. Дополнителни измени (по доставена пријава) нема да се прифаќаат.
- Рокот за доставување на пријавата е 06.05.2024 до 23:59 часот. Пријавите доставени по истекот на овој рок нема да се разгледуваат.
- Откако ќе ја пратите пријавата, во рок од 24 часа, на вашата e-mail адреса оставена за контакт ќе добиете потврда за прием. Доколку не добиете потврда во рок од 24 часа, Ве молиме контактирајте нè.
- За прашања и повеќе информации пишете на е-mail адресата arno.mkd@gmail.com или јавете се на 077/855-832 секој работен ден од 09 до 17 часот. Прашања во врска со аплицирањето можат да се поставуваат најдоцна до 30-ти април
- Следете ги нашите објави за пријавување на работилниците за пополнување на апликациски формулар.