September 21, 2020
Видео: Инфо сесија за отворениот повик за млади претприемачи „RISE Journey“
На 17.09.2020 на ZOOM, Здружението за социјални иновации „АРНО“ организираше инфо сесија за отворениот повик RISE JOURNEY, која беше емитувана и како видео во живо на социјалната мрежа Facebook.
„АРНО“ во рамки на регионалниот проект “RISE” отвoри повик за млади претприемачи од 18 до 35 години кои се мотивирани да учат за социјалното претприемништво, да развиваат свои социјални и зелени бизниси и да бидат вклучени во регионална интеркултурна програма.
На инфо сесијата беше претставен отворениот повик, критериумите за аплицирање и беше објаснета апликациската форма, а од страна на организаторите беа одговорени прашањата на учесниците за повикот.
Сите прашања и одговори може да ги најдете во видеото подолу, но и во документот со прашања и одговори кој постојано го ажурираме.