May 13, 2019

Што рекоа учесниците за натпреварот за зелени идеи?

Со цел да ги охрабриме оние кои се’ уште се колебаат дали да аплицираат со своја зелена идеја или не, споделуваме неколку изјави од минатогодишните учесници. Среќни сме што сведочиме на успеси и што натпреварот дава убав поттик за зелените претприемачи. Прочитајте што рекоа нашите досегашни учесници за ФЗИ.

„Фразата „важно е да се учествува- а не да се победи“ во овој случај гледаме дека има значење и тежина, и се радуваме што и самото учество на натпреварот охрабрува и гради капацитети за понатамошен развој кај апликантите. Да можеме, ние би ги финансирале сите финалисти и би ги поддржале и сите учесници, но, ете, се надеваме дека овој натпревар ќе биде препознаен и од другите чинители во општеството (донаторски агенции, институции..) кои ќе дадат поддршка за овие благородни, одржливи и зелени бизнис идеи. Нашата земја може да биде предводник во зелената економија и социјално претприемништво, имаме одлични успешни приказни и треба сите да придонесеме да им се помогне на овие мали, зелени приказни да растат.“ – изјави Ирина Јаневска од АРНО.