March 18, 2022

🌸Дојде тоа време од годината (садиме пркоси)- пријавете се да ви пратиме садлива картичка

Националниот натпревар „Зелени идеи 2022“ е во тек, а ние повторно сакаме нашите садливи картички да ги споделиме со вас. Се што треба да направите за да добиете садлива картичка е да ги оставите вашите контакт информации преку пополнување на овој формулар. Потоа „АРНО“ ќе ви ја испрати картичката  на вашата домашна адреса. Ваша задача е да ја засадите (инструкции овде) и да ни пратите фотографии од цвеќето кога ќе никне.

🌸Садливите картички се промотивен материјал и дел од приказната на натпреварот „Зелени идеи“ со кој АРНО ја шири својата зелена мисија.  Наместо да печатиме промотивен материјал со кој дополнително ќе ја загадуваме околината, ние се одлучивме да ги користиме услугите на Визарт кои рециклираат стара хартија и нудат избор на семе кое може да се вметне во самиот печатен и дизајниран примерок.🌸

Нашите RISE Journey 2 победници Yes for Less многу не’ израдуваа кога го споделија ова клипче како садат прокоси. Прекрасен креативен тим- погледнете го видеото овде

А овде> можете да погледнете дел од минатогодишните фотографии од наша сограѓанка која засади од нашите картички и не’ израдува со никнатите цветови.

Се разбира можете и да мислите и на некоја зелена бизнис идеја и да аплицирате на натпреварот оваа година кој што е во тек и завршува на 26-ти април.