July 15, 2025

Работилница #Зелениидеи 2025 – Поддршка за аплицирање

АРНО, и оваа година, организира онлајн работилница на 29-ти јули, 16:00-17:30ч (ZOOM)  наменета за сите заинтересирани апликанти кои веќе работат на својата апликација или имаат зелена идеја што сакаат да ја разработат и доработат. Пријавувањето се врши преку пополнување на краток формулар, најдоцна до 28-ми јули, 23:59ч. 

Кој може да се пријави?
Секој кој има сериозни намери да учествува на натпреварот „Зелени идеи 2025“ со своја бизнис идеја и сака поддршка во развивањето и подобрувањето на апликацијата.

Бидејќи оваа година АРНО располага со намалени капацитети, работилницата ќе биде организирана како комбинирана форма на инфо-сесија и работилница – ќе има простор за поставување прашања и разјаснување на самиот процес на аплицирање, особено за оние кои првпат се запознаваат со натпреварот.

*Избраните учесници ќе добијат потврда за учество и потсетник преку е-пошта.
*Работилницата ќе се одржува на македонски јазик.