May 13, 2019
Работилница за подготовка на апликација за натпреварот – ВИДЕО
Погледнете го видеото од првата работилница за подготовка на апликација за натпреварот за зелени идеи која се одржа на 20-ти април во Скопје. Снимањето на работилницата беше со намера да овозможиме дополнителни информации на сите оние кои не беа во можност да учествуваат.
Сакаме да се заблагодариме на обучувачот за вложената енергија и пренесеното знаење и секако да упатиме најголема благодарност до учесниците кои се согласија да бидат снимани.
Искрено се надеваме дека ова видео ќе придонесе во подготовката на апликациите и дека и оваа година ќе пристигнат убави зелени идеи кои понатаму ќе бидат препознаени и на регионално ниво.
*НАПОМЕНА: Ќе забележите дека во одредени сегменти видеото нема звук, тоа е поради приватност/заштина на информации на учесниците.