April 28, 2023

МАСТЕР-РАБОТИЛНИЦА „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2023“

АРНО, во соработка со Асоцијација за Менаџмент Консалтинг МКА2000, повикува на учество на работилница која ќе се одржи на 11.05.2023 (четврток) од 10:00 до 15:00ч во Центарот за социјални претпријатија (Скопје). Ги повикуваме на учество сите заинтересирани апликанти кои веќе работат на апликацијата или оние имаат зелена идеја која сакаат да ја доработат, да се пријават преку пополнување на формуларот, најдоцна до 09.05.2023 (23:59). 

Работилницата е наменска и посветена на сите оние кои нема да дојдат за да слушнат за прв пат за натпреварот, за оние кои имаат идеја која е веќе разработена и знаат што ќе одговорат во апликацијата, но истовремено сакаат да ги надградат одговорите и бизнис моделирањето, можеби сакаат да постават прашање/научат повеќе во делот на финансиите, одржливоста, зеленото буџетирање и сл. Оваа работилница е последна активност од серијата настани наменети за поддршка на апликантите на „Зелени идеи 2023“. Повеќе информации во врска со натпреварот „Зелени Идеи 2023“ можете да најдете на следниот линк.

Содржина на инфо сесијата

На работилницата ќе имате шанса да прашате и да добиете повеќе информации за натпреварот, апликацијата, да добиете фидбек од консултант за вашиот бизнис канвас и да ја разработите апликацијата. 

Кој може да се пријави?

Секој кој има сериозни намери да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2023“ со бизнис идеја која сака да ја разработи и надгради. Бројот на учесници е ограничен со цел поголема ефикасност на работилницата. Во случај на голем број апликации, предност имаат учесниците со изразена посилна мотивација/потреба од учество. Доколку сте учествувале на некоја од инфо-сесиите вашето присуство е исто така, добредојдено (не е исклучувачки фактор). 

*АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците согласно пополнетата пријава;

*Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл;

* Работен јазик на работилницата е македонски јазик

* Согласно административните зелени политики на организацијата, АРНО е во можност да подмири трошоци за повратен автобуски билет (не правиме поврат на трошоци за пат со автомобил), за што би ни било потребно приложување/доставување на билетот и фискална сметка. Подмирувањето на трошоци е по неколку денови (не е на лице место).