April 3, 2023

ИНФО СЕСИЈА ВО СТРУМИЦА ЗА НАТПРЕВАРОТ „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2023“

Со цел да ги охрабриме и поддржиме сите кои имаат идеја за зелен бизнис (почнат, или на ниво на идеја) и годинава организираме еднодневни инфо сесии. Инфо сесиите се наменски, за оние кои размислуваат за својата бинзис идеја и се сериозни во намерите да аплицираат на натпреварот „Зелени Идеи 2023“. Повеќе информации во врска со натпреварот „Зелени Идеи 2023“ можете да најдете на следниот линк.

Првата инфо сесија ќе се одржи на 12.04.2023 (среда) во Europe House Струмица од 10:00ч до 14:30ч. Сите заинтересирани претприемачи од Струмица и регионот кои веруваат во своите зелени бизнис идеи (бизнис идеи поврзани со  зелената/социјалната/циркуларната економија), ги повикуваме да се пријават на инфо сесијата на следниот линк  најдоцна до 09.04.2023 (23:59)

*Учеството на инфо сесијата е без надомест;   

*АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците согласно пополнетата пријава;

*Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл;

Кој може да се пријави?
Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2023“ и секој што има бизнис идеја во која верува и сака да ја реализира. Бројот на учесници е ограничен со цел поголема ефикасност на инфо сесијата, која ќе им помогне на учесниците во понатамошната индивидуална разработка на апликациите.

Содржина на инфо сесијата
На инфо сесијата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на БИЗНИС КАНВАС МОДЕЛОТ. 

* Работен јазик на инфо сесиите е македонски јазик.

Ви благодариме на интересот!