July 6, 2018

Филантропија за зелени идеи

Филантропија за зелени идеи е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија и БиХ (од 2017) .Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците).

АРНО го администрира националниот конкурс од 2015-та година и се гордее со досегашните победнички идеи на регионалниот натпревар:2015: Наша добра земја- Прва кооператива на органски потрошувачи (Поддршка на мали маргинализирани органски производители во Македонија)2016: Марта Мојсова (Еко-реанимација)2017: Јане Заевски (Храна за сите) и Кристиан Шопов (Еко-илузија)ГИ ИЗБРАВМЕ 3-ТЕ НАЈДОБРИ ЗЕЛЕНИ БИЗНИСИНа 29ти јуни 2017, во Клуб на новинари- Скопје се одржа финалето на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ каде беа прогласени трите најдобри  зелени бизнис идеи за 2017:  Софтверско решение за продажба и донирање на непродадена храна од угостителски објекти- „Храна за сите“ (Јане Зевски), започнување на илузионистички бизнис за промоција на екологија и поддршка на маргинилизираните лица- „Еко илузија“ (Кристиан Шопов), производство на супстрати за органско производство на растенија и габи- „МаМа Органа“ (Наталија Бургиева).

Тројцата победници на овогодинешниот натпревар добија награда- вредносен ваучер за консултантски услуги, доделен од сертифицираната Асоцијација за менаџмент и консалтинг „МКА 2000“.Во финалето, покрај победниците, се најдоа следните зелени идеи: 15м3 Дигестер за органски отпад (Петар Матовски; Здружение „БИВИУМ”), Шумска Градинкa (Анела Ставревска Панајотова) , Одгледување на Stevia Reabudiana Bertoni (Ацо Здравевски), Зелен клуч за безбедно детство (Сашко Тодоров; „Здружение на граѓани ЕКОВИТА“) , Lavender Immortele Macedonia (Љубомир Стојановски;„ ИЗ Фарма Сончева долина“ ), TravelIMG (Ана Ристевска), Green Community (Дукаџин Туркеши, Дритан Леши; 1$ for Dibra), Make Skopje Green again(Марина Каратрајкова, Александар Поповски) и Еко модуларна куќа (Веле Нелковски; БН ТЕРМО ДОМ СКОПЈЕ).ДОЈДОВМЕ СО 2 НАГРАДИ ОДРЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАРДве македoнски зелени бизнис идеи освоија награди на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ кој се одржа кон крајот на јули 2017  во Колашин, Црна Гора. На форумот кој се одржува шеста година по ред, се натпреваруваа вкупно 18 зелени бизнис идеи од 6 балкански држави: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора , Србија, и БиХ од годинава.Покрај македонските победнички идеи „Храна за сите“ и „Еко Илузии“, наградени беа и црногорската идеја „Камп под Острог“ и косовската идеја „ Академска платформа“. Сите четири идеи добија финансиска поддршка од 10 000 долари.АРНО трета година по ред го организира натпреварот во Македонија.„Пресреќни сме кога гледаме резултати од вложената енергија, оваа година дома си дојдовме дури и со 2 награди. Ете, Кристијан го „маѓепса“ медународното жири со својата идеја за забава и еко-едукација преку илузионизам, додека Јане ги убеди експертите дека младите и новите технологии имаат одговори за предизвиците и проблемите кои ги имаме окпоу нас. Наградите ќе значат многу не само за носителите на идеите, туку и за општеството бидејќи во нив покрај еколошката и бизнис компонента, има и филантропија и корист за заедниците. “-изјави Ирина Јаневска, претседател на АРНО.