АРНО
Социјални иновации
Нашите напори се насочени кон дизајнирање и имплементирање на нови пристапи за решавање на општествени предизвици.
Одржлив развој
Клучот за иднината е одржливиот развој. Ние мора да размислуваме дека СЕ што правиме има некакво влијание вре економијата, општеството и животната средина.
Социјално претприемништво
Новите бизнис модели носат нови вредности. Ние ги сакаме новите дефиниции, но истовремено посочуваме и кон добро познатите : филантропија, општествена одговорност и етика во бизнисот.
Нашата мисија и визија
AРНО развива и поддржува социјална иновација преку дизајнирање на нови опции и различни социјални иницијативи, кои ги развиваат активни, независни граѓани кои дејствуваат заедно и придонесуваат кон развој на заедницата и позитивните општествени промени. АРНО визија : Обликување на иднината преку споделување на нашите ресурси и откривање на нови пристапи.
Приказната на АРНО
Асоцијација за развој на нови опции = АРНО
АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж во 2013-та година. Здружението ја започна својата работа со наоѓање решенија за големи глобални предизвици, преку мали, локални акции. Веднаш после својот прв проект, АРНО стана препознатливо како пионер во полето на социјалното претприемништво. Благодарение на долгогодишното успешно менаџирање на натпреварот „Зелени идеи“, исто така е препознаено и како национален извор за подигање на свеста и инспирација во полето на зелено претприемништво.
АРНО има визија, талент, енергија и ресурси да биде креативен извор за подобрување на заедниците во кои живееме.
Натревари: Преку 10+ годишното успешно менаџирање на натпреварот „Зелени идеи“, АРНО стана препознатливо по поддршката на одржливи мали бизниси. Македонските претставници редовно победуваат на регионалниот натпревар, со досега доделени над 100.000 долари.
Инкубациски програми: Во рамки на инкубаторската програма за млади социјални претприемачи (RISE), доделени се над 20.000 евра на локални тимови и спроведени 500+ часа менторства.
(Не)формално образование: Над 350 ученици и 80 наставници учествувале во активности за социјално претприемништво.
На дело: Во април 2025 година, АРНО го отвори првиот Центар за поправки „Ништо ново“ – простор за поправка на предмети, едукација и поддршка на циркуларната економија. Центарот нуди работилници, ангажира млади волонтери и отвора можности за вклучување на маргинализирани групи.
Пристапи: АРНО применува иновативни методи и концепти: ѓеврек економија , Паркур методологија, право на поправки, ESOP модел, хакатони, постојана медиумска видливост.
Награди: „Млади креатори на векот“ на Светскиот конгрес на претприемачи во Дубровник (2022/23), како и на Social Impact Award во 2015 година, кога ја основа иницијативата „Часови за готвење“ – економска активност со амбиција за социјално претпријатие. Првиот проект на АРНО – „Младинска професионална кујна“ – е препознаен и вклучен во официјалниот учебник за средно образование по предметот „Иновации и претприемништво“.