
May 1, 2021
⏰12-ти мај е крајниот рок за аплицирање на натпреварот за зелени идеи
АРНО апелира до сите граѓани кои имаат идеја или постоечки бизнис со кој се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи“ кој е отворен до 12-ти мај (23:59ч).
Може да се аплицира само со идеја, или со постоечки бизнис (не постари од 3 години). Правилата можете да ги најдете овде
На натпреварот можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании (со годишен профит не поголем од 10.000 евра).
?? Доколку ви е потребна помош, погледнете го видеото за поддршка на овој линк
✨Примери за зелени бизниси (ова е само кратка листа, слободно разгледајте ги минатогодишните финалисти, победници, пребарувајте онлајн, и секако дозволете си да не’ изненадите со некој нова идеја): Еко/агри туризам (бавен туризам, работа на фарма како терапија за намалување стрес, тури за гледање птици), домашни производи со елемент на иновација (слатко од диви смокви, ориз произведен на одржлив начин), задругарство (ајде задруги), мобилни апликации (награди за сите што одат пешки, IT иновации, смарт системи), рециклирање на пластика, од отпад до производ (циркуларна економија…од биомаса до пелетки, од комиње до прехрабен адитив), еко градби, мебел (реупотребен, сламени душеци, еко перничиња), еко куќи (од слама, од рециклирани материјали), соларни решенија (сушара за овошје, еко бојлер), зелен маркетинг (садливи картички, настани со нула хартија и минимален отпечаток, еко амбалажи), иновации (паметно наводнување, нова аквапоника, продажба на ласт минит храна, еко илузии)…
❓ Често поставувани прашања, и одговори на истите можете да најдете овде
? Апликацијата која треба да се пополни е достапна овде. Целосната документација се испраќа на arno.mkd@gmail.com
За да добиете бесплатна садлива-картичка од која никнува цвеќето пркос пријавете се овде
АРНО им благодари на партнерите и поддржувачите кои и годинава обезбедија поддршка и награди за најуспешните. АРНО искрено благодари и на сите граѓани за интересот за развој на економија која е добра за граѓаните и животната средина. На сите апликанти им посакуваме среќа ?