March 18, 2024

Работилници #Зелениидеи 2024- Поддршка за аплицирање

АРНО, и годинава нуди работилници (во онлајн и офлајн формат) со цел поддршка на сите заинтересирани апликанти кои веќе работат на апликацијата или оние имаат зелена идеја која сакаат да ја доработат. Пријавувањето е преку
пополнување на формуларите за секоја работилница (Ве молиме изберете една):

  • Работилница бр.1 -онлајн- 28ми март; 17-19ч (Пријавувањето е до 26.03.2024 (23:59))
  • Работилница бр.2 -во живо-08-ми април; 11-14ч (Пријавувањето е до 04.04.2024 (23:59))
  • Работилница бр.3 -онлајн-12-ти април; 12-14ч (Пријавувањето е до 10.04.2024 (23.59))
  • Работилница бр.4 -во живо- 26-ти април;11-14ч (Пријавувањето е до 24.04.2024 (23:59))

*Работилниците кои се во офлајн формат (во живо) ќе се одржуваат во централно градско подрачје во Скопје. Избраните учесници дополнително ќе бидат информирани за точната локација. За работилниците кои се онлајн избраните учесници ќе добијат линк заедно со потврдата за учество.

Работилниците се наменски и посветена на сите оние кои нема да дојдат за да слушнат за прв пат за натпреварот, за оние кои имаат идеја која е веќе разработена и знаат што ќе одговорат во апликацијата, но истовремено сакаат да ги надградат одговорите и бизнис моделирањето, можеби сакаат да постават прашање/научат повеќе во делот на бизнис канвас моделот, одржливоста, зеленото буџетирање и сл. Овие работилници се дел од серијата настани наменети за поддршка на апликантите на „Зелени идеи 2024“. Повеќе информации во врска со натпреварот „Зелени Идеи 2024“ можете да најдете на следниот линк.

Кој може да се пријави?

Секој кој има сериозни намери да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2024“ со бизнис идеја која сака да ја разработи и надгради. Бројот на учесници е ограничен со цел поголема ефикасност.  Во случај на голем број апликации, предност имаат учесниците со изразена посилна мотивација/потреба од учество. 

*АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците согласно пополнетата пријава;

*Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл;

* Работен јазик на работилницата е македонски јазик

* Согласно административните зелени политики на организацијата, АРНО е во можност да подмири трошоци за повратен автобуски билет (не правиме поврат на трошоци за пат со автомобил), за што би ни било потребно приложување/доставување на билетот и фискална сметка. Подмирувањето на трошоци е по неколку денови (не е на лице место).