February 14, 2022

📝РАБОТИЛНИЦИ „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2022“

Со цел да ги охрабриме и поддржиме сите кои имаат идеја за зелен бизнис (почнат, или на ниво на идеја) и годинава организираме 4 еднодневни работилници. Работилниците се наменски, за оние кои сериозно размислуваат за бизнисот и се сериозни во намерите да аплицираат на натпреварот. Во идеални услови учесниците што се пријавуваат доаѓаат подготвени со податоци за планирани трошоци, информирани за потребни набавки (машини, производи, лиценци) и сл, или, на кратко, знаат што е нивната бизнис идеја.
Поради пандемијата, работилниците повторно ќе ги одржиме во онлјан формат.

  • Првата работилница ќе се одржи на 04.03.2022 (петок) (10-15ч)
  • Втората работилница ќе се одржи на 11.03.2022 (петок) (10-15ч).
  • Третата работилница ќе се одржи на 06.04.2022 (среда) (10-14ч). Заинтересираните кандидати за третата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до 2-ри април, 23:00 часот.
    АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава. Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 04.04.2022, 17:00 часот.
  • Четвртата работилница ќе се одржи на 13.04.2022 (среда) (10-14ч). Заинтересираните кандидати за четвртата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до 11-ти април, 23:00 часот.
    АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава. Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 11.04.2022, 17:00 часот.

Кој може да се пријави?
Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2022“ може преку оваа работилница да добие соодветна обука за пополнување на апликацијата и на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Бројот е ограничен со цел поголема ефикасност и директна поддршка од менторот од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг МКА 2000, кој ќе им помогне на учесниците во индивидуалната разработка на апликациите.

Содржина на работилницата
На работилницата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ.
Поради тоа, задолжително е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга. На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.
* Работен јазик на работилниците е македонски јазик.

Ви благодариме на интересот!