April 5, 2021
?РАБОТИЛНИЦИ ЗА ПОДГОТОВКА НА АПЛИКАЦИЈА „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2021“
Со цел да ги поддржиме сите заинтересирани потенцијални апликанти, и годинава, повторно, организираме 4 еднодневни работилници. Поради пандемијата, работилниците ќе ги одржиме во онлјан формат (здравјето на прво место).
- Првата работилница ќе се одржи на 13.04.2021 (вторник) (10-14ч)
Заинтересираните кандидати за првата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до 12-ти април 2021, 10:00 часот.
АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 12.04.2021, 17:00 часот.
- Втората работилница ќе се одржи на 14.04.2021 (среда) (10-14ч)
Заинтересираните кандидати за втората работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до 13-ти април 2021, 10:00 часот.
АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 13.04.2021, 17:00 часот.
- Третата работилница ќе се одржи на 17.04.2021 (сабота) (10-14ч)
Заинтересираните кандидати за првата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до 16-ти април 2021, 10:00 часот.
АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 16.04.2021, 17:00 часот.
- Четвртата работилница ќе се одржи на 04.05.2021 (вторник) (10-14ч)
Заинтересираните кандидати за четвртата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до 29-ти aприл 2021, 10:00 часот.
АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 29.04.2021, 17:00 часот.
Кој може да се пријави?
Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2021“може преку оваа работилница да добие соодветна обука за пополнување на апликацијата и на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Бројот е ограничен со цел поголема ефикасност и директна поддршка од менторот од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг МКА 2000, кој ќе им помогне на учесниците во индивидуалната разработка на апликациите.
Содржина на работилницата
На работилницата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ.
Поради тоа, задолжително е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга. На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.
* Работен јазик на работилницате е македонски јазик.
Ви благодариме на интересот!