February 11, 2020

Работилници за подготовка на апликација „Зелени идеи 2020“

Со цел да ги поддржиме сите заинтересирани потенцијални апликанти, и годинава, повторно, организираме 4 еднодневни работилници. Предвидено е да се одржат 2 работилници во Скопје, една во Струга и една во Штип (дополнително ќе се утврдат локациите и датумите).

  • Првата работилница ќе се одржи во Скопје на 22-ри февруари (сабота) во Скопје (10-16ч).
    Заинтересираните кандидати за првата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до 18-ти февруари 2020 (вторник) до 23:59 часот.
    АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
    Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 20-ти февруари (четврток).
  • Втората работилница ќе се одржи на 12 март (четврток) во Штип (10-16ч).
    Заинтересираните кандидати за првата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до  06.03.2020, 16:00 часот..  
    АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
    Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 9 март (понеделник)
     
  • Третата работилница ќе се одржи на 19 март (четврток) во Струга (10-16ч).
    Заинтересираните кандидати за првата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до  13.03.2020, 16:00 часот. 
    АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
    Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 16 март (понеделник)
     
  • Четвртата работилница ќе се одржи на 26 март (четврток) во Скопје (10-16ч).
    Заинтересираните кандидати за четвртата работилница можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк, најдоцна до  20.03.2020, 16:00 часот.
    АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.
    Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 23 март (понеделник). 

Кој може да се пријави?

Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2020 “ може преку оваа работилница да добие соодветна обука за пополнување на апликацијата и на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Бројот е ограничен (со цел поголема ефикасност) на 15 учесници на кои менторот од Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000 ќе им помогне во индивидуалната разработка на апликациите.

Содржина на работилницата
На работилницата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Поради тоа, препорачливо е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга. На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.
* Работен јазик на работилницата е македонски јазик.

Благодариме на интересот 🙂