April 5, 2021

?Пријава за промотивен материјал- засадете еко-картичка со пркос

Националниот натпревар „Зелени идеи 2021“ е во тек, а ние повторно сакаме нашите садливи картички да ги споделиме со вас. Се што треба да направите за да добиете садлива картичка е да ги оставите вашите контакт информации преку пополнување на овој формулар. Потоа „АРНО“ ќе ви ја испрати картичката на вашата домашна адреса, ваша задача е да ја засадите (инструкции овде) и да ни пратите фотографии од цвеќето кога ќе никне.

Садливите картички како промотивен материјал се дел од приказната на натпреварот „Зелени идеи“ со кој АРНО ја шири својата зелена мисија.  Наместо да печатиме промотивен материјал со кој дополнително ќе ја загадуваме околината, ние се одлучивме да ги користиме услугите на Визарт кои рециклираат стара хартија и нудат избор на семе кое може да се вметне во самиот печатен и дизајниран примерок. Веќе неколку години по ред главен начин на промоција ни е токму преку садливите картички, преку кои сме особено препознатливи и поттикнуваме голем број на компании и здруженија да се приклучат на ваквиот еко начин на промовирање.

Погледнете дел од фотографиите од наша сограѓанка која мината година засади од нашите картички и не’ израдува со шаренилото и успехот.

Во картичките за промоција на натпреварот „Зелени идеи“ се наоѓа семе на цвеќето пркос. Нашиот избор за ова растение е согласно симболиката на ова леснорастечко цвеќе-новите бизниси да пркосат на сите услови и да цветаат лесно и распространето.

Садливите картички ги добивате бесплатно, и ние се грижиме за испораката преку пошта. Вие треба само да ни пишете адреса на живеење и да посадите пркоси кога ќе стигнат. Се разбира можете да мислите и на некоја зелена бизнис идеја и да аплицирате на натпреварот оваа година кој што е во тек и завршува на 12-ти мај.