March 28, 2023

📝ИНФО СЕСИИ ЗА „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2023“

Со цел да ги охрабриме и поддржиме сите кои имаат идеја за зелен бизнис (почнат, или на ниво на идеја) и годинава организираме 4 еднодневни инфо сесии. Инфо сесиите се наменски, за оние кои сериозно размислуваат за бизнисот и се сериозни во намерите да аплицираат на натпреварот. Во идеални услови учесниците што се пријавуваат доаѓаат подготвени со податоци за планирани трошоци, информирани за потребни набавки (машини, производи, лиценци) и сл, или, на кратко, знаат што е нивната бизнис идеја.

Локациите и датумите на инфо сесиите дополнително ќе се потврдат.

  • Првата инфо сесија ќе се одржи на 12.04.2023 (среда) онлајн пријавете се овде најдоцна до 09.04.2023.
  • Втората инфо сесија ќе се одржи на 26.04.2023 (среда) онлајн пријавете се овде најдоцна до 23.04.2023
  • Третата инфо сесија ќе се одржи на 04.05.2023 (четврток) онлајн пријавете се овде најдоцна до 02.05.2023.
  • Четврта инфо сесија со можност за соодветна обука со консултант за пополнување на  КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ ќе се одржи на 11.05.2023 (четврток) во Центарот за социјални претпријатија (Скопје) пријавете се овде најдоцна до 09.05.2023.

АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава. Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл.

Кој може да се пријави?

Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2023“ може преку инфо сесиите да добие соодветна обука за пополнување на апликацијата и на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Бројот е ограничен со цел поголема ефикасност, кој ќе им помогне на учесниците во индивидуалната разработка на апликациите.

Содржина на инфо сесијата

На инфо сесијата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ.

Поради тоа, задолжително е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга. На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.

* Работен јазик на инфо сесиите е македонски јазик.

Ви благодариме на интересот!