April 13, 2023

ИНФО СЕСИЈА ЗА ПЕЛАГОНИСКИ И ЈУГОЗАПАДЕН РЕГИОН ЗА НАТПРЕВАРОТ „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2023“

АРНО, во соработка со Фондација за поддршка на претпријатија ЕСА Охрид и Фондација за развој на претприемништвото, регионална и меѓугранична соработка Битола, повикува на учество инфо сесија наменета за пелагонискиот и југозападниот  регион која ќе се одржи на 26.04.2023 (среда) од 10:00ч до 12:15ч на платформата Зум(онлајн). Сите заинтересирани претприемачи од овие региони кои веруваат во своите зелени бизнис идеи (бизнис идеи поврзани со зелената/социјалната/циркуларната економија), ги повикуваме да се пријават на инфо сесијата на следниот линк најдоцна до 23.04.2023 (23:59). 

Инфо сесиите се наменски, за оние кои размислуваат за својата бинзис идеја и се сериозни во намерите да аплицираат на натпреварот „Зелени Идеи 2023“. Повеќе информации во врска со натпреварот „Зелени Идеи 2023“ можете да најдете на следниот линк.

Содржина на инфо сесијата

На инфо сесијата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата за натпреварот.

Кој може да се пријави?

Секој кој е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2023“ и секој што има бизнис идеја во која верува и сака да ја реализира. Бројот на учесници е ограничен со цел поголема ефикасност на инфо сесијата, која ќе им помогне на учесниците во понатамошната индивидуална разработка на апликациите. Во случај на голем број апликации, предност имаат идеите кои доаѓаат од пелагонискиот и југозападниот  регион, и идеите со изразена мотивација.

*АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците согласно пополнетата пријава;

*Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл;

* Работен јазик на инфо сесиите е македонски јазик