July 20, 2020
Balkan Green Academy 2020/2021 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – продолжен рок за аплицирање
Balkan Green Foundation ја организира првата Balkan Green Academy 2020/2021 како дел од регионалната програма Balkan Green Ideas.
Академијата се состои од неколку модули кои ги опфаќаат трите главни столба: политика, економија и општество, а има за цел да ја овозможи и покрене дискусијата на актуелните прашања поврзани со зелениот одржлив развој во регионот на Западен Балкан. Академијата ќе користи меѓусекторски и интердисциплинарен пристап, поттикнувајќи го длабинското знаење, а во исто време ќе се комбинираат модули кои ќе ги истражуваат различните перспективи на политиките, економскиот (бизнис) пристап и влијанието во општеството.
Главни цели на Академијата се:
– Да се промовираат принципите и вредностите на одржливите и зелени политики поврзани со економскиот, социјалниот и политичкиот развој на општествата од Западен Балкан (со посебен фокус на агендата 2030 и зелена агенда за Западен Балкан);
– Да се создаде мрежа помеѓу зелените активисти, граѓанските организации кои работат на зелени одржливи иницијативи, руралните и урбаните зелени претприемачи;
– Да се подготват локалните и регионални актери да ги идентификуваат потенцијалите во рамките на нивните заедници за создавање зелени и одржливи иницијативи и бизниси.
Balkan Green Academy ќе се спроведува во неколку делови (задолжителни за сите учесници) и тоа:
- Онлајн обука: 26-30 октомври 2020,
- Менторски сесии за сите учесници: ноември 2020 – февруари 2021
- Подготвителни сесии за учество на националниот натпревар „Зелени идеи“: февруари – април 2021.
Академијата нуди:
– Можност за 28 учесници на Академијата 2020/2021, пред сé отворени за млади жени и мажи од рурални и урбани средини во замјите на Западен Балкан и Грција, а кои поседуваат или имаат намера да основаат зелени мали и одржливи бизниси;
– Онлајн обуки фокусирани на политики, економија и општество спроведени од сертифицирани европски обучувачи;
– интерактивни сесии со гости и експерти за Design Thinking, Business Canvas and Green Society Partnership;
– Менторски сесии и подготовителни часови за натпреварот „Зелени идеи“ во 2021 година со назначен ментор од регионот и Европа;
– Членство во Алумни клубот на Balkan Green Academy како дел од Регионалната зелена мрежа (Regional Green Network) која се состои од зелени претприемачи, посреднички организации, граѓански организации, неформални групи и поединци, како и други експерти и релевантни актери од Западен Балкан.
Balkan Green Academy 2020/2021 е отворена за учесници (пред сé млади жени и мажи од рурални и урбани средини кои поседуваат или имаат намера да основаат зелени мали и одржливи бизниси), од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Местата се ограничени на САМО четворица (4) учесници по земја. Учеството во сите три делови на академијата е задолжително за сите присутни.
Работен јазик е англиски. Повикот е продолжен до 31 август, 23:59 часот.
Апликантите кои се заинтересирани да учествуваат потребно е да го пополнат формуларот за учество ТУКА.
Жири комисијата составена од експерти / практичари / обучувачи од Западен Балкан и Европа ќе ги разгледа апликациите и сите успешни апликанти ќе бидат известени за резултатите до 18-ти септември, по што од селектираните учесници ќе биде побарано да започнат со подготовки и читање на предложената литература.