April 3, 2020

📌ИЗВЕСТУВАЊЕ📌-продолжен рок за аплицирање до 20.04.2020

Аплицирањето за натпреварот ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2020 се продолжува до 20 април 2020 година, 23:59 часот.

Со оглед на препораките на Владата за превенција и ширење на корона вирусот во нашата земја, натпреварот за ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2020 ќе претрпи измени во предвидените дати за реализација, воедно и крајниот датум за аплицирање на националниот натпревар кој од 10 април, се продолжува до 20 април 2020.

Откако ќе бидат утврдени датумите за реализација на натпреварот кои моментално се договараат со партнерите од регионот, АРНО ќе ве извести за понатамошната имплементација на активностите, и/или за евентуално дополнително продолжување на натпреварот.

👉Критериумите и начинот на аплицирање остануваат исти, а вашите прашања ги очекуваме на arno.mkd@gmail.com или на +389 77 855 832, секој работен ден од 9 до 17 часот.

Во меѓувреме, ве охрабруваме да го погледнете видеото🎥 од првата работилница кое се наоѓа на овој линк , и редовно да ги посетувате нашите профили на социјалните мрежи за новости и информации.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,
Тимот на АРНО
#седидома