April 21, 2021
⚙️Инструкции за пополнување на апликација „Зелени идеи 2021“ и повик за последна работилница
Со цел да ги поддржиме сите заинтересирани потенцијални апликанти, и годинава, повторно, организираме работилници.
⏰Последната работилница ќе се одржи на 04.05.2021 (вторник) (10-14ч). За да се пријавите треба да го пополните овој формулар, најдоцна до 29-ти aприл 2021, 10:00 часот. АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава.Избраните учесници ќе добијат известување/потврда за учество на мејл најдоцна до 29.04.2021, 17:00 часот.
⬇️Подолу можете да го подледнете видеото од една од работилниците кое го снимивме со цел да им биде од корист на сите потенцијални апликанти. Голема благодарност до учесниците кои дадоа согласност овој видео материјал да биде достапен до јавноста.
?Работилниците содржински ги покриваат слените теми:
Прв дел= Пополнување на наративниот дел од апликацијата
Втор дел= Бизнис канвас модел
Трет дел= Финансиска одржливост на бизнисот
Четврт дел= Прашања од учесници (поради осетливост на информациите овој дел е изоставен во јавното видео, исто како и практичните вежби од другите делови) *