Правила
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:
- Идејата е во рана фаза на развој
- Идејата користи знаење од луѓето во локалната заедница, нивните традиционални вештини и цели кон вработување на луѓе од заедницата, и користење на локални ресурси
- Има детален план или визија за одржливост на животната средина
- Има план за постепен развој на бизнисот и економска оправданост
- Го има проценето локалниот пазар – ги познава конкуретните и компаративните предности
- Идејата го поддржува процесот на ревитализација на традиционалните локални бизниси и поврзувањето на луѓето со заедницатa
- Идејата е иновативна и уникатна во споредба со другите бизниси и проекти во заедницата
- На конкурсот можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании (со годишен профит не поголем од 10.000 евра).
- На конкурсот не можат да учествуваат индивидуалци и/или организации кои се членови на семејствата и/или блиски роднини на вработените во АРНО; индивидуалци или организации кои се дел од националното жири и/или нивни роднини; јавни претпријатија.