Победници

Победнички македонски зелени идеи на национално ниво:

2015

2016

2017

2018

2019

2020

  • Софија Дацева – „Вајс Адитив“
  • Ванчо Кировски – „Пријатели на пчелите“
  • Душица Крстеска – „Заштита на феноменот колибарање во Македонија и промовирање на традиционалните Малешевски специјалитети“

Здружението за социјални иновации „АРНО“, шеста година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“ и се гордее што досега земјата има регионални победници и вкупна инвестиција од 70 000 долари за развој на зелени бизниси во земјата: 1)Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 год.), 2) Инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова – „СПИН“ (2016 год.), 3) платформата за продажба на евтини оброци „Храна за сите“ (2017 година) и 4) едукација преку илузионистички еко-пораки „Еко илузија“ (2017 год), минатогодишните победници кои произведуваат ориз на одржлив начин 5)„ Био смарт ориз“ (2019 год) и 6)„Challenger“ (2019 год.) мобилната апликација која ги мотивира луѓето да одат пеш или да возат велосипед и овогодинешната победничка идеја 7) „Вајс адитив“ (2020 год.) која преку принципот на циркуларна економија произведува прехрабен адитив добиен со преработка на комиње.

Секој од победниците добива подршка од 10.000 долари за имплементација на зелената бизнис идеја, при што АРНО учествува во мониторинг и евалуација на процесот, и врши дополнително поврзување со други поддржувачи.

Преку овој натпревар, вклучително со 2020-та година, вкупно 70.000 долари се инвестирани во нашата земја за поддршка на зелени бизниси.