Концепт

„Филантропија преку зелени идеи“ (ФЗИ) има за цел да  стимулира и поттикне иновација за зелени бизнис идеи на локално ниво и да ја истражи улогата на филантропијата во вклучувањето на локалните заедници за генерирање на зелени бизнис идеи кои ги користат локалните ресурси и го ревитализираат исчезнувањето на традиционалните производствени синџири и пазарите во заедницата. Поддржувајќи иновативни, локални, економски одржливи иницијативи , „Филантропијата преку зелени идеи“ има за цел суштински да придонесе кон градење на мирен, конкурентен и просперитетен регион на Западен Балкан.

Вредности:
„Филантропија преку зелени идеи“ фунцкионира на принципите на: одговорност за животната средина, етичко однесување, разновидност, инклузија  и зајакнување, независност во промовирањето на благосостојбата на локалните заедници преку поттикнување на претприемништвото и овозможување на луѓето да ја разберат и да ја преземат контролата врз нивниот целосен потенцијал.

Годишен регионален натпревар

  • Натпреварувачи се национални победници од Западен Бакан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Грција, Србија и Северна Македонија ( тројца победници од секоја држава).
  • Интернационално независно жири ги оценува идеите
  • Четири победници добиваат награда од 10 000 долари да ги имплементираат своите бизнис идеи во целост или делумно.
  • Дводневниот натпревар се одржува секоја година во јули на различна локација во регионот на Западен Балкан.

Секоја година независно, меѓународно жири составено од експерти во разни области, ги избира победниците на регионалниот натпревар.

Повеќе информации околу натпреварот  можете да прочитате на следниот линк.