За Натпреварот

Филантропија преку зелени идеи* е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Западен Балкан: во нашата земја и во Албанија, Косово, Црна Гора , Босна и Херцеговина, Србија и во Грција (од 2019-та). Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во својата земја.

*Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците).

АРНО, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Повикот за доставување на зелени идеи  за 2019-та е отворен до 2-ри јуни 2019 (23:59 часот).

Критериумите за учество се објаснети во делот ПРАВИЛА. Новите формулари за аплицирање можете да ги најдете во делот АПЛИKАЦИЈА. Пред да пристапите кон пополнување на формуларите разгледајте ги насоките  УПАТСТВО (во делот на АПЛИКАЦИЈА)  и разгледајте го делот на Често поставувани прашања (ЧПП). Следете не’ на социјалните мрежи и во делот НОВОСТИ за објави на датуми за работилниците за подготовка на апликацијата.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА:

Фаза 1) Национално жири составено од експерти од областа на зелена економија, бизнис секторот и граѓанскиот сектор ќе изврши бодување на сите пристигнати зелени бизнис идеи врз основа на наведените критериуми (Погледнете го делот – ПРАВИЛА)

Фаза 2) Најдобрите десет идеи (согласно бодувањето на  националното жири), ќе бидат повикани да ги презентираат своите идеи на посебно закажан настан во Скопје (средина на јуни, 2019-та/датумот допoлнително ќе биде утврден). На овој настан десетте преставници треба да ја презентираат својата идеја пред жирито, кое ќе избере три национални победници.
Формат и јазик: На избраните финалисти ќе им биде пратен PowerPoint образец според кој треба да ја презентираат идејата. Јазикот за претставување на идејата за десетте селектирани идеи на национално ниво е македонски/албански. Времетрањето на презентацијата е 20 минути (10 минути презентација- 10 минути прашања од жири).

И оваа година, Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000 ќе обезбеди менторска поддршка во вид на консултантски услуги за подобрување на бизнис идејата на тројцата победници пред заминувањето на регионалниот натпревар.

Напомена:
Задолжително за селектираните десет избрани идеи е присуството на настанот во Скопје, и секако, присуството на 3-цата победници на „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ (9-12ти јули, Албанија).

Фаза 3) Тројцата национални победници ќе бидат македонски претставници  на „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ кој ќе се одржи 9-12 јули во Албанија. Избраните идеи  ќе треба да се презентираат од страна на претставниците за време на Форумот. Избраните 3 национални претставници од тимот на АРНО и тимот на МКА2000 ќе добијат насоки и поддршка во однос на подготовката за презентација на нивните идеи на Форумот. Сите трошоци за учество на избраните претставници на форумот (пат и сместување) ќе бидат покриени од страна на  АРНО и Фондот на Браќата Рокфлер. На Форумот ќе се изберат 4 најдобри идеи од регионот на Западен Балкан кои ќе добијат по 10.000 УСД за поддршка на имплементацијата на зелената идеја.

Формат и јазик: Пред регионалниот натпревар избраните финалисти ќе  подготват PowerPoint образец на англиски, во соработка со тимот на АРНО. Јазикот за претставување на идејата на регионалниот натпревар е англиски (доколку е потребен превод, претставник од АРНО ќе ја има  улогата на преведувач). Времетрањето на презентацијата е 30 минути (15 минути презентација- 15 минути прашања од жири).

фаза 4) Доколку македонска идеја победи на регионалниот натпревар, таа ќе биде наградена со 10.000 долари. Овие средства се исклучиво наменети за реализирање на идејата* и треба да се искористат во рок од една година.  Дополнително, носителот на идејата, во соработка со тимот на АРНО  ќе развие документ според кој ќе се утврдат процесите на реализација на идејата, детална финансиска рамка и начините според кои ќе се врши монторинг и имплементација на идејата. Победниците се обврзани да склучат договор со АРНО, во кој дополнително ќе се утврдат правата и обврските на договорните страни. Овде спаѓаат и редовни периодични, наративни и финансиски извештаи.
*Доколку носителот на идејата е физичко лице, во рок од 30 дена по објавата на наградата, треба да регистрира правен субјект.

Официјалната веб страница на конкурсот е http://www.philanthropyforgreenideas.org/. Ве охрабруваме да ја посетите и да се запознаете детално со идејата и концептот, како и со минатогодишните конкурси и победниците. Повеќе информации за минатогодишните избори можете да добиете и од објавите на медиумите пребарувајќи ја фразата „Зелени бизнис идеи“ .
За прашања и повеќе информации обратете се на телефонот  077 855 832,  или на e-mail адресата arno.mkd@gmail.com.
Исто така, следете не’ на социјалните мрежи, таму споделуваме тековни објави за работилници за подготовка на апликацијата и новости.