АРНО

Социјални иновации

Нашите напори се насочени кон дизајнирање и имплементирање на нови пристапи за решавање на општествени предизвици.

Одржлив развој

Клучот за иднината е одржливиот развој. Ние мора да размислуваме дека СЕ што правиме има некакво влијание вре економијата, општеството и животната средина.

Социјално претприемништво

Новите бизнис модели носат нови вредности. Ние ги сакаме новите дефиниции, но истовремено посочуваме и кон добропознатите: филантропија, општествена одговорност и етика во бизнисот.

Зошто АРНО?

АРНО е организација со визија, талент, енергија и ресурси. Организација која може да се смета за креативен извор на решенија за подобрување на заедницата во која живееме.Како општествено иновативна организација ние сме тука со обврска, подготвеност и способност да одговориме на социјалните проблеми. Ние имаме организациски вредности и ставови кои промовираат и поддржуваат иновации:разбирање на комплексните општествени прашања, култура на иновации, пазарна ориентација.

Нашата мисија и визија

AРНО развива и поддржува социјална иновација преку дизајнирање на нови опции во областа на дигиталната креативност и различни социјални иницијативи, кои ги развиваат активни, независни граѓани кои дејствуваат заедно и придонесуваат кон развој на заедницата и позитивните општествени промени.

АРНО визија : Обликување на иднината преку споделување на нашите ресурси и откривање на нови пристапи.

Приказната на АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО

АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап за промена (читај:подобрување) на општеството. Ние работиме по принцип на инспирација и препознена потреба за промена. Веруваме дека со нови интервенции и социјални иновации нашиот свет може да биде подобар.

Седиштето ни е во Скопје, но доживувајќи се себе како македонскиот глас за социјални промени и иновации, веруваме дека нашиот глас може да оддекне на регионално и интернационално ниво.

Затоа што, ние правиме добро (ЗА АРНО *)